Американскиот рапер Кание Вест го објави десеттиот студиски албум Donda. Од неделата, тој е достапен на стрим-платформите. Вест ја одложуваше промоцијата неколку пати поради пандемијата со коронавирусот. Тој го најави уште пред две години.
Организираше и три големи јавни собири во САД, во Атланта, Лас Вегас и Чикаго, каде што сите можеа да ги слушнат песните од новиот албум.
Објавувањето на албумот Вест официјално го објави на „Инстаграм“ неколку часа порано од неговиот менаџер Бу Тијам.