Талибанците ја презедоа контролата врз земјата и прогласија победа откако американските војници го напуштија Авганистан. Светските медиуми известуваат за суровоста на талибанскиот режим, односно заканата за човековите права во Авганистан.
Така, на пример, на жените им е забрането да се појавуваат на телевизија, како и да се појавуваат во јавност без придружба и во бурка, дури има информации дека им е забрането да посетуваат училиште.
Револуционерната асоцијација на жени во Авганистан (РАВА) објави список на правила, според кои Авганистанките беа принудени да живеат под талибанците. Во овој извештај, тие го наведуваат следново:
„ Талибанците се однесуваат кон жените полошо од животните. Иако е нелегално да се чуваат птици во кафези, Авганистанките се заробени во ѕидовите на нивните домови. Жeните немаат никакво значење во очите на талибанците, освен ако немаат деца, задоволувајќи ги машките сексуални потреби или исцрпување на домашните работи.
Исто така, слободата на медиумите е драстично намалена, а како поддршка на таа изјава е видео на социјалните мрежи, на кое се гледа ТВ водител кој води политичко шоу, додека тој е опкружен со неколку вооружени талибанци во студиото.
Afghanistan TV – surreal
This is what a political debate now looks like on Afghan TV, Taliban foot soldiers watching over the host. The presenter talks about the collapse of the Ghani govt & says the Islamic Emirate says the Afghan people should not to be afraid #Afghanistan pic.twitter.com/oEverVgLOE
— Yalda Hakim (@BBCYaldaHakim) August 29, 2021
За време на емисијата, наводно, водителот зборувал за режимот на претседателот Ашраф Гани, кој ја напуштил земјата, и дека им рекол на луѓето да не се плашат од талибанците.