Зијеш исфрлен од репрезентацијата на Мароко

Зијеш исфрлен од репрезентацијата на Мароко

пред 3 години

Селекторот на Мароко, Вахид Халилхиџиќ, од репрезентацијата го исфрли најдобриот играч Хаким Зијеш. Незалагањето на тренинзите и недисциплината на Зијеш се причината поради кој тој нема да игра за Мароко.

„Прв пат во тренерската кариера видов дека еден репрезентативец одбива да игра и глуми дека е повреден. Лекарите беа јасни кога рекоа дека тој може да игра против Гана. Тој го одби тоа. Потоа одби да се загрева и да влезе во игра, бидејќи беше резерва. Јас такво однесување не можам да прифатам“, рекол Халилхоџиќ и дополнил.

„На последните два собири не беше дисциплиниран. Не ми изгледа како фудбалер кој сака да игра на светско првенство“.

Зијеш и во минатото имал слични испади во репрезентацијата. Селекторот Ренард, во 2017 година, го исфрли од репрезентацијата неколку дена пред почетокот на Африканскиот куп.

Share
Scroll to Top