Полицаецот Ерик Филдс, од Алабама го привлече вниманието на јавноста, затоа што многу личи на холивудската ѕвезда Двејн Џонсон. Обожавателите на холивудската ѕвезда велат дека не можат да откријат кој е вистинскиот, а кој лажниот Џонсон.
Ерик му го привлече вниманието и на глумецот, откако неговата слика почна за брзо да се споделува на интернет.
„Вау. Па ти си поголема фаца од мене. Чувај се брате и фала ти на службата. Еден ден ќе пиеме текила заедно, а морам да ги слушнам твоите „Рок“ приказни, затоа што знам дека ги имаш“, напиша Џонсон.
Oh shit! Wow.
Guy on the left is way cooler.
Stay safe brother and thank you for your service. One day we’ll drink @Teremana and I need to hear all your “Rock stories” because I KNOW you got ‘em ????? #ericfields https://t.co/G38tOr68cW— Dwayne Johnson (@TheRock) August 31, 2021
Ерик рече дека му ласкале споредбите, комплиментите и коментарите дека многу личи на холивудската ѕвезда. Во разговор за порталот AL.com, тој рече дека го викале „Карпата“ и Вин Дизел.
„Прифаќам, забавно ми е и ми ласка. Можеше да биде и полошо“, кратко коментираше полицаецот Ерик.