Легендите на Јуве незадоволни: Роналдо не покажа почитување кон навивачите кои го идолизираа

Легендите на Јуве незадоволни: Роналдо не покажа почитување кон навивачите кои го идолизираа

пред 3 години

Серџо Брио и Алесио Такинарди, две легенди на Јувентус се незадоволни од начинот на кој Кристијано Роналдо замина од Торино, приморувајќи го клубот да го продадат во Манчестер јунајтед.

Роналдо направи емоционално враќање на „Олд Трафорд“, оставајќи „дупка“ во тимот на Макс Алегри без време да се најде замена и Такинарди смета дека работите морале да се завршат поинаку.

„Роналдо требаше да си замине поинаку, не со приватниот авион додека Алегри зборуваше со тимот пред мечот со Емполи. Очекував барем прес-конференција да се збогува со навивачите, кои заслужија нешто поинаку. Веќе нема легенди како Дел Пјеро, Тоти, Малдини или Занети, но ќе беше убаво да се чуе Роналдо како вели дека оди на место каде што се чувствува како дома. Го постави Јувентус во незавидна позиција, неколку дена пред преодниот рок“, вели Такинарди за „Тутоспорт“.

Брио исто така смета дека Роналдо требал порано да им ги соопшти плановите.

„Јувентус заслужуваат поголем респект, не очекував Роналдо да се однесува вака. Не беше убаво од негова страна. Секогаш зборувам убаво за трите клуба во кои играв: Јувентус, Лече и Пистоезе, бидејќи тие ми дадоа договор и веруваа во мене. Кристијано е професионалец, но мораше поинаку да се збогува. Но, од друга страна, ако играчот не сака да остане а го приморате на тоа, тоа е лошо за целиот тим“, вели Брио.

Share
Scroll to Top