Македонија одигра нерешено на гости против Исланд, во натпревар од квалификациите за СП 2022. Иако македонската репрезентација водеше 0:2 до 78. минута, на крајот исландските фудбалери дадоа два гола за десет минути и конечен резултат 2:2.
Македонија поведе во 12 минута со голот на Дарко Велковски од корнер. До крајот на првото полувреме имаа неколку добри шанси, но не постигнаа гол. На 2:0 зголемија со голот на Џани Алиоски од 20 метри.
За Исланѓаните првиот гол го даде Бјарнасон во 78. минута, а на 2:2 израмнија во 84. минута со голот на Гудјонсен.
До крајот на натпреварот македонските фудбалери имаа уште неколку шанси, но не ги искористија.
Следниот натпревар од квалификациите за Светското првенство, македонските фудбалери ќе го играат во Скопје на 8 септември против Романија.