Серхио Агуеро, го споредил пристапот што го имаат кон тренажниот процес во неговиот претходен клуб Манчестер сити и во новиот клуб, Барселона. Аргентинецот, летово по цела деценија што ја мина во Сити се пресели на „Ноу Камп“.
„Во Сити сите бевме во тренинг-центарот 90 минути пред почетокот на тренинзите, овде сите доаѓаат 30 минути пред да почне тренингот. Се обидев да доаѓам еден час порано, за да можам да вежбам во теретаната, но таму немаше никој. Се беше затворено“, рекол Агуеро.
Агуеро, се уште нема одиграно натпревар за Барселона. Поради повреда тој на тренерот Роналд Куман ќе му биде на располагање од ноември.
35 3D Sailing Ships Wallpapers [HQ] http://bit.ly/amf838
— WarezRocker (@WarezRocker) May 20, 2010