Крај на драмата во Бристол, полицијата го уапси вооружениот маж

пред 3 години

Полицијата ја заврши драмата на бензинска пумпа во Бристол со апсење на вооружен маж.

Човекот влегол во продавницата на бензинската пумпа и ги држел во заложништво дел од работниците, но дел од нив останале неповредени бидејќи се засолниле во безбедна просторија.

Полицијата ги опколи просториите додека се обидуваше да го реши проблемот. Тие биле во контакт со преплашен персонал кој не можел да излезе од своето скривалиште, пишуваат медиумите.

Едно лице е пренесено во болница, но, според локалните медиуми, жената не е сериозно повредена.

Share
Scroll to Top