ЕУ изрази сочувство за загинатите во пожарот во Тетово

пред 3 години

Во име на ЕУ, Европската комисија денеска испрати сочувство до семејствата и пријателите на жртвите од пожарот што избувна синоќа во болницата во Тетово.

„ ЕУ испраќа најдлабоко сочувство до семејствата и пријателите на жртвите од трагичниот пожар што избувна во модуларната болница што лекува пациенти со Ковид во Тетово. Сакаме брзо закрепнување за сите повредени “, изјави портпаролот на ЕК, Ерик Мамер.

Во пожарот во болницата во Тетово, животот го загубија 14 пациенти од вкупно 26 кои беа на лекување.

Share
Scroll to Top