Пронајдена дрога при контроли во скопски локали, седуммина приведени

пред 2 години

Единицата за недозволена трговија со дрога и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје во периодот од 23 часот на 8. април до 03.30 часот утрово извршиле контроли во повеќе угостителски објекти и прегледи на повеќе лица и патнички возила.ж

Како што информираат од МВР, кај 7 лица од Скопје биле пронајдени марихуана и кокаин.

„Кај В.З.(34) била пронајдена бела прашеста материја, кај Б.Ј.(28) била пронајдена бела прашеста материја, кај М.З.(37) била пронајдена бела прашеста материја и марихуана, кај А.Б.(25) била пронајдена марихуана, кај Н.Ќ.(23) марихуана, кај М.П.(42) кокаин и кај Т.Д.(20) била пронајдена марихуана.

Лицата биле лишени од слобода и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави“, посочуваат од ресорното министерство.

Share
Scroll to Top