(Видео) Арсовски: МВР и ЈО молчат за претепувањето во Струмица – дали го штитат обезбедувањето на Заев?

пред 3 години

МВР и ЈО молчат за претепувањето во Струмица, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, кој праша дали со тоа институциите го штитат обезбедувањето на Заев.

„Вчера во медиумите се појави сведоштво на претепаниот јавно се огласи на социјалните мрежи, кој јасно и гласно посочи дека бил нападнат од обезбедувањето на Зоран Заев. Како што вели жртвата од видеото, не само што бил брутално претепан од обезбедувањето на Зоран Заев, туку и потоа следел обид за прегазување со автомобил. Скандалозно е исто така, она кое и вчера го говоревме, иако полицијата се наоѓа на стотина метри од местото на инцидентот, според сведоштвото на претепаниот, полицајците биле избркани од обезбедувањето на Заев и не им било дозволено да постапат“, рече Аросвски.

Тој ги обвини МВР и Оливер Спасовски дека директно ја загрозуваат безбедноста на граѓаните. Наместо полицијата да воведува ред и мир во државата и да се грижи за безбедноста на граѓаните, се случува анархија на чело со луѓе блиски до Заев, која управува и дури со полицијата и кажува каде треба да постапи, рече Арсовски.

Опозицијата прашува: „Дали е повикан на разговор во МВР и ЈО обезбедувачот на Заев за кој посведочи и јавно го прозва претепаниот, бидејќи јасно потенцираше дека имало обид за убиство? Зошто Заев, МВР и ЈО молчат повеќе од два дена и се обидуваат да го заташкаат целиот случај? Дали ова брутално претепување е аминувано од Заев, бидејќи според сведоштвото на претепаниот неговото обезбедување го тепало? Дали на овој начин ќе се справува власта и Заев со граѓаните, ќе ги тепа по улици?“

Арсовски рече дека се додека неказнивоста е пракса, насилието ќе биде присутно на улиците.

Share
Scroll to Top