Новак Ѓоковиќ преку Александар Зверев избори пласман во финалето на Ју-ес опен. Првиот носител славеше победа со 3:2 во сетови.
Ѓоковиќ и Зверев играа тенис три часа и 37 минути, на публиката на „Артур Еш“ и приредија вистински спектакл. Двајцата одиграа неколку сјајни поени, од кои долго ќе се памети еден во финишот на третиот сет, кога Ѓоковиќ сервираше за водство од 2:1.
Во тој поен, на сет топка, Ѓоковиќ и Зверев разменија 53 удари. Поенот на крајот му припадна на Зверев, но веќе во наредниот Ѓоковиќ го освои сетот.
Погледнете го спектакуларниот поен, кој ја крена публиката на нозе, а тенисерите ги остави без здив.
Rally simplesmente A-S-S-U-S-T-A-D-O-R entre Djokovic e Zverev. 53 golpes. Num set point.pic.twitter.com/4l5fiARqmq
— Brasa Olímpico (@BrasaOlimpico) September 11, 2021