Рамос би можел да го следи примерот на Роналдо

Рамос би можел да го следи примерот на Роналдо

пред 3 години

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, рекол дека е свесен дека капитенот Серхио Рамос веројатно ќе го напушти клубот по завршувањето на сезоната.

Договорот на Рамос истекува за неколку месеци, а досегашните преговори досега не дале никакви резултати, поради што многумина веруваат дека Рамос ќе тргне по стапките на Кристијано Роналдо, кој во 2018 година замина од Мадрид.

„Дали повторно ќе имаме ‘случај Роналдо’? Навистина не знам што ќе се случи со Рамос. Во моментов е тука со мас“, рекол Зидан.

Шпанските медиуми тврдат дека двете страни не можат да се договорат околу времетраењето на договорот.

Share
Scroll to Top