Невидена бруталност! Боксер го клоцаше ривалот по глава откако го нокаутираше!

Невидена бруталност! Боксер го клоцаше ривалот по глава откако го нокаутираше!

пред 3 години

На боксерот Педро Табарес му се заканува долга суспензија, можеби и доживотна, откако безмилосно со нога стапна на главата на ривалот откако го нокаутираше, кршејќи му го носот и предизвикувајќи вистински хаос во рингот.

Неверојатните сцени се случија на мечот во Пандо, Боливија помеѓу Табарес (кој дебитираше како професионалец) и ветеранот со над 100 меча, Саул Фара. Табарес успеа да го „закачи“ добро противникот и да го прати на подот, но кога судијата се обиде да ги раздели, тој прво го удираше противникот на подот, а потоа го шутна во главата неколку пати.

Според локалните медиуми, двајцата боксери имале многу што да си кажат пред мечот, и страстите зовриле по нокаутот, а Табарес зачудувачки му понуди реванш на противникот.

Share
Scroll to Top