Бразилскиот фудбалски дефанзивец Давид Луиз се врати во татковината. Веста што во петокот ја објавија бразилските медиуми е официјализирана.
Луиз е нов играч на Фламенго, договорот е потпишан до декември 2022 година.
Тој кариерата ја градеше во тимовите на Виторија, Бенфика, Челси, ПСЖ, пак Челси и на крајот Арсенал.
За „кариоките“ одигра 57 натпревари и постигна 3 гола.