ФИФА му ја потврди суспензијата на Трипие

ФИФА му ја потврди суспензијата на Трипие

пред 3 години

Светската фудбалска федерација (ФИФА), ја потврди суспензијата на десниот бек на Атлетико Мадрид, Киран Трипие. Англичанецот нема да може да игра до 28.февруари.

Трипе е казнет бидејќи ги прекршил правилата на Фудбалската асоцијациа на Англија (ФА), која се однесуваат на обложувањето. ФА, регистрирале седум прекршоци, фудбалерот ги отфрли, но тие сепак по четири точки го прогласија за виновен.

Трипие ги прекршил правилата во јули 2019 година, пред да го официјализира трансферот од Тотенхем во Атлетико.

ФИФА, на 3.јануари, привремено му ја укина суспензијата, поради што тој настапи во дербито против Севилја. На 12.јануари, во победата на Атлетико од 2:0, Трипие беше еден од најдобрите играчи на теренот.

„Дисциплинската комисија ја потврдува одлуката на ФА. Санкциите за Трипие важат за сите официјални натпревари во светот“, стои во соопштението на ФИФА.

Суспензијата ќе го оддалечи Трипие од првиот осмина-финален натпревар во Лигата на шампионите против Челси.

Share
Scroll to Top