Арсенал го „казни“ Челси и им даде надеж на Ливерпул и Вест хем

Арсенал го „казни“ Челси и им даде надеж на Ливерпул и Вест хем

пред 3 години

Арсенал неочекувано ја прекина победничката низа на Челси под Томас Тухел, за да им даде надеж на Ливерпул и Вест хем дека е возможно да се квалификуваат во топ 4 и да обезбедат место во Лигата на шампионите во финишот на шампионатот.

Неочекуван стрелец, втор меч во низа, беше 20-годишниот Емил Смит Роув, кој во 16. минута го совлада Менди по асистенцијата на Пјер-Емерик Обамејанг, но и големата грешка на Жоржињо. Челси напаѓаа во остатокот од мечот и во 61. минута ја сместија топката во голот на „топчиите“, но голот на Кристијан Пулишиќ беше поништен поради офсајд.

Сега, Челси, со 36 одиграни мечеви (од вкупно 38), останува на четвртото место со 64 поени, кои се достижни за Вест хем на петтото место (58 поени од 35 меча), но и за Ливерпул на шестото место (58 поени од 34 меча), пред утрешното гостување кај Манчестер јунајтед.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Share
Scroll to Top