Фулам го продава Митровиќ, Србинот е во немилост на менаџерот

Фулам го продава Митровиќ, Србинот е во немилост на менаџерот

пред 3 години

Британските медиуми пишуваат дека времето на српскиот напаѓач, Александар Митровиќ во редовите на премиерлигашот Фулам помина. Клубот од Лондон сака да ги разгледа сите понуди за Србинот затоа што тој е во немилост на менаџерот на клубот, Скот Паркер.

Митровиќ нема гол за Фулам уште од септември, а во стартната постава беше само еднаш на последните 7 меча.

Се наведува дека не постои никаков анимозитет меѓу Паркер и Митровиќ, но во моментов плановите на менаџерот се такви што нема место за Србинот во стартните 11.

Митровиќ во Фулам дојде во 2018 година, од редовите на Њукасл. Цената за српскиот напаѓач според „Трансфермаркт“ е околу 22 милиони евра.

Share
Scroll to Top