Генијалниот гол на Имобиле недоволен за Лацио

Генијалниот гол на Имобиле недоволен за Лацио

пред 3 години

Чиро Имобиле уште еднаш покажа дека е гол-машина, постигнувајќи прекрасен гол за водство на Лацио, но на крајот гостувањето кај Беневенто на Пипо Инзаги заврши само со реми.

Во 25. минута од мечот, Сергеј Милинковиќ-Савиќ му понуди фантастична топка на Имобиле, кој реагираше уште поубаво за водство на гостите. Меѓутоа, Пасквале Скјатарела во 45. минута постигна исто толку убав гол за 1:1, резултат кој остана до крајот на мечот. Со поенот, Лацио е на осмото место со 18 поени, додека Беневенто е на 13. место со 12 поени.

СЕРИЈА А, 12.КОЛО
Беневенто – Лацио 1:1
Удинезе – Кротоне 0:0

Share
Scroll to Top