Лицата од Авганистан и поставеноста на системот за управување со кризи пред Советот за безбедност

пред 3 години

Во Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија се одржува 13-та седница на Советот за безбедност на која се разговара за лицата од Авганистан прифатени на нашата територија и за поставеноста на системот за управување со кризи, информираат од Кабинетот на претседателот.

Според соопштението од Кабинетот, покрај членовите на Советот за безбедност, на покана на претседателот Стево Пендаровски на седницата ќе присуствуваат директорите на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски, на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов и на Дирекцијата за заштита и спасување, Беким Максути.

Share
Scroll to Top