Во Солун конференција за Западен Балкан и европската иднина

пред 3 години

Во Солун, Грција, денеска ќе се одржи конференција на тема „Западниот Балкан учествува во дијалогот за иднината на Европа“.

По покана на алтернативниот министер во грчкото Министерство за надворешни работи, Милтијадис Варвициотис, заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, ќе биде дел од специјалната дискусија.

Преку учеството на вицепремиерот Димитров заедно со министрите за европски и надворешни работи од регионот, како и словенечкиот претставник на претседателство со Советот на ЕУ, ќе се дискутираат ставовите на земјите и граѓаните од Западен Балкан и ЕУ во однос на иднината на Европа.

Настанот се одржува на маргините на 85. меѓународен саем во Солун и е дел од грчкиот национален дијалог во рамките на конференцијата за иднината на Европа како делиберативен процес за одредување на идните насоки на европската интеграција.

Share
Scroll to Top