Џем од бело грозје - Reporter.mk

Џем од бело грозје – Reporter.mk

пред 5 години

Потребните состојки се следниве:
1 кг бело грозје
1 кг шеќер
1 литар вода
1 кесичка ванилин шеќер
2 лимони
грозје џем

Начин на подготовка:
Во голем сад за готвење ставете ја водата да зоврие. Грозјето измијте го, искинете ги зрната и ставете го во зовриената вода на посилен оган и оставете ги да варат околу 15-на минути. Почнете со пасирање на смесата во моментот кога лушпата ќе напукне, а потоа додајте го шеќерот заедно со ванилиниот шеќер и свежо исцеден сок од двата лимони. Продолжете со варење уште 1 час со постојано мешање. Кога џемот ќе се згусне, турете го во топли, вакумирани тегли и добро затворете го.

Share
Scroll to Top