(Видео) Мицкоски во посета на семејство на една од жртвите во пожарот: „Случајот се заташкува“

пред 3 години

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска беше во Тетовско, каде во селото Нераште оствари посета на семејство на една од жртвите во изгорената модуларна болница.

„Сега само заташкуваат, не бил крив овој, па кој е крив… Немале дозвола за градба, ни противпожарна заштита, ништо…“, рече Мицкоски во разговорот со роднините.

Еден од роднините му кажува на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ дека во соба во модуларната болница наводно имало проблем со струјата, една недела пред пожарот.

На социјалните мрежи, каде е објавено кратко видео од посетата, Мицкоски напиша дека болката е огромна, поради трагедијата која се случи во Тетово.

„Моето најдлабоко сочувство до семејството. Мора да има одговори и одговорност потоа!“, нагласува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Share
Scroll to Top