66 лица казнети за брзо возење на подрачјето на СВР Битола

пред 3 години

Сообраќајната полиција при СВР Битола денеска, во периодот од 8 до 14 часот, спровела контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната.

Како што информираат од МВР, на територија на СВР Битола, санкционирани биле 66 возачи. Од нив, 34 на територија на Битола, 11 на територија на Прилеп, 15 на територија на Ресен.

Од ресорното министерство порачуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.