Работник од Турција, Хакан М. незадоволен од тоа што неговиот шеф не му дал плата, седнал во багерот и уништил пет камиони на фирмата. Сопственик на компанијата наводно бил неговиот вујко Омер, пишува турскиот портал „Хабертурк“.
Видеото е направено во Турција пред неколку дена, а на почетокот било објавено во Тик ток. Според пишувањето на турскиот медиум, Омер, кој бил сопственик на фирмата која се занимава со ископ и транспорт на јаглен, на работниците не им платил плата.
Медиумите пренесуваат дека Хакан ќе направел уште поголема штета, ако неговите колега и другите работници не го спречеле. Откако видеото се појави на социјалните мрежи, луѓето почнале да му испраќаат поддршка на Хакан.
„Тешко е, негово право е да добие плата. Даде сè од себе. Зошто не ги плаќате работниците? Ќе го најдам овој човек и ќе му подадам рака да се поздравам. Го направил тоа што требало“, биле само некои од коментарите со поддршка.