Ливерпул викендов ќе игра против Кристал Палас во Премиер лигата. Јирген Клоп и за овој меч тимот ќе го составува без Роберто Фирмино.
Дуелот со Кристал Палас е трет кој ќе го пропишти Бразилецот поради повредата на препоните. Тој се уште не започнал да тренира со соиграчите.
„Боби не е подготвен. Очекуваме да биде со нас од наредната недела. Се надевам дека наскоро ќе може да го користиме и на натпреварите“, рекол Клоп.
Ливерпул, утре од 16 часот, ќе го пречека Кристал Палас.