Данската влада усвои закон со кој на осудениците на доживотен затвор им забрани да почнуваат нови љубовни врски и ќе смее да контактираат само со оние со кои биле блиски во првите десет години од затворањето. Законот е донесен кога е откриено дека 17-годишната Камила Кирстајн се вљубила во Петер Мадсен, осуден на доживотен затвор за бруталното убиство на шведската новинарка Ким Вал во неговата подморница во 2017 година.
Камила признала дека се заљубила во Мадсен откако интензивно си пишувале писма и зборувале на телефон две години. Таа станала љубоморна кога тој подоцна се оженил со 39-годишната Русинка Џени Курпен и го пријавила случајот.
Данската влада се надева дека со новиот закон ќе спречи да расте бројот на обожаватели на криминалците.
„Ваквите врски очигледно треба да престанат. Осудените криминалци треба да се спречат да ги користат нашите затвори како центри за љубовни средби. Тие контактираат со млади луѓе за да го добијат нивното внимание или сочувство“, изјави министерот за правда, Ник Хекеруп.