Копенхаген прогласен за најбезбеден град во светот

пред 3 години

Копенхаген е најбезбедниот град во светот, според индексот објавен од лондонската Economist Intelligence Unit, во која рангирани се 60 меѓународни дестинации врз основа на дигитална, здравствена, инфраструктурна и лична безбедност, како и заштита на животната средина, нова категорија која е воведена оваа година.

Копенхаген за првпат е прогласен за најбезбеден град во светот, постигнувајќи 82,4 поени од 100.

„Еден од клучните фактори што го прават Копенхаген таков безбеден град е неговата ниска стапка на криминал, која во моментов е на најниско ниво во повеќе од една деценија“, вели градоначалникот на Копенхаген, Ларс Вајс.

„Копенхаген исто така се карактеризира со голема социјална кохезија и релативно мал јаз во социјалниот статус на жителите. Ова е мешан град каде и хигиеничарите и директорите се среќаваат во локалните супермаркети и имаат деца во истото училиште“, додаде тој.

Канадскиот Торонто го зазеде второто место со 82,2 поени, додека Сингапур е трет со 80,7 поени, пренесе хрватски „Индекс“.

Иако Сиднеј го зазеде четвртото место со 80,1 поени, австралискиот град е на врвот во категоријата за дигитална безбедност, додека на Токио му беа доделени 80 поени, со што јапонскиот град падна на петтото место.

Холандскиот Амстердам е шести, додека Велингтон во Нов Зеланд го зазеде седмото место.

Мелбурн е на осмото место, додека шведскиот Стокхолм е на десеттото место.

На дното на листата се нигерискиот Лагос, египетскиот Каиро, венецуелскиот Каракас, пакистанскиот Карачи и Јангон во Мјанмар.

Share
Scroll to Top