По 21 сезона помината во дресот на Барселона, летово Лео Меси се пресели во тимот на ПСЖ.
Неговиот клубски колега, играчот од средниот ред – Андер Ерера во интервју за шпанска „Марка“ одговараше на прашањето кој е најдобар од големата тројка на „Светците“ – Меси-Нејмар, Мбапе.
„Навистина тешко прашање. Мислам дека Килијан е најдобриот на светот на голем простор, Нејмар е играч фантазија, играч од потег, а Лео е најдобриот во сето останато. Мислам дека тој би бил најдобриот лев или десен бек. Се би можел да игра, само не голман. Неверојатно е колку ја разбира играта“ рече Ерера.
Клубот од Париз потфли во воведниот меч од новата сезона во ЛШ. Само 1-1 во Белгија кај Клуб Бриж.
„Не ми е јасно зошто за ПСЖ би бил неуспех доколку не ја освои Лигата на шампиони. Последните две години игравме во финале, односно во полуфинале. Мислам дека тоа е голем успех, посебно за еден така млад клуб. Не разбирам како никој не ги прозива Реал, Барселона, Челси, Сити или Јувентус, туку само ПСЖ. Ни наметнуваат императив шампиони, тоа е претерано“ смета Ерера.
Францускиот клуб во второто коло од ЛШ на 28 овој месец на свој терен го дочекува тимот на Манчестер Сити.