Погребан легендарниот Дуда Ивковиќ

Погребан легендарниот Дуда Ивковиќ

пред 3 години

Великанот на српската, регионалната, европската и светската кошарка, Душпан Ивковиќ, беше погредан попладнево во семејната гробница во Белград.

Ковчегот со телото на Ивковиќ, до вечното почивалиште го однесоа Жељко Обрадовиќ и поранешните кошаркари од репрезентацијата на Југославија, на кои селектор им беше Дуда: Предраг Даниловиќ, Дино Раџа, Владе Дивац, Жарко Паспаљ и Јуре Здовц.

На погребот на Ивковиќ присуствуваше првиот човек на македонската кошарка Перо Антиќ, кој под палката на Ивковиќ во 2012 година ја освои Евролигата.

На погребот меѓу другите беа и легендата на грчката кошарка Василис Спанулис, тренерот на ЦСКА Москва, Димитирис Итудис, поранешниот српски репрезентативец Ненад Крстиќ, претседателот на Кошаркарскиот сојуз на Црна Гора, Никола Пековиќ, тренетот на Црвена звезда, Дејан Радоњиќ, поранешниот кошаркар Жељко Ребрача…

Ивковиќ почина на 78-годишна возраст минатиот четврток во болницата во Белград, од вода во белите дробови и херпес.

Фото/mondo.rs

Share
Scroll to Top