Пари Сен-Жермен го забележа седмиот триумф во седум кола во француската Лига 1 на драматичен начин, откако Ашраф Хакими го постигна својот втор гол во 95. минута за 2:1 победа на гости кај Мец.
Без повредениот Лео Меси, Хакими им донесе водство на „светците“ веќе во 5. минута од мечот, но Мец покажаа дека се подготвени за борба откако Бубакар Кујате да израмни во 39. минута. Кога се сметаше дека ПСЖ ќе ги загуби првите поени оваа сезона, Хакими, летното засилување од Интер, постигна прекрасен гол во 95. минута за нови три поени со кои ПСЖ веќе имаат 7 поени предност на врвот на табелата пред Марсеј, кои беа заддржани кај Анжер (0:0).
ЛИГА 1, 7.КОЛО
Мец – Пари Сен-Жермен 1:2
Анжер – Марсеј 0:0
Ленс – Стразбур 0:1
Лориен – Ница 1:0
Лион – Троа 3:1
Лил – Ремс 2:1
Монако – Сент-Етјен 3:1
Монпелје – Бордо 3:3
Нант – Брест 3:1
Рен – Клермон 6:0
Absolutely beautiful, Neymar and Hakimi in perfect sync, everything down to the millisecond, Neymar’s reading of the same with Hakimi making the run. More of this, please. pic.twitter.com/qhw3b39r1z
— ً (@FutbolTheorist) September 22, 2021