Сопственик на аптека на улицата Џон Кенеди починал кусо откако објектот бил ограбен, јави МВР.
Тој не бил во аптеката за време на грабежот, туку стигнал 10 минути подоцна и му се слошило.
За кратко време со Итна медицинска помош бил однесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде од страна на лекар е констатирана смрт.
Грабежот се случил синоќа по 20 часот, кога едно лице со закана со нож кон вработената го одзел дневниот промет.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.