Oсмани во Њујорк на средба со Балакришнан

пред 3 години

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, оствари средба со министерот за надворешни работи на Република Сингапур, Вивијан Балакришнан, на маргините на 76 Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк.

На средбата беа разменети мислења за можностите за унапредување на билатералните односи меѓу двете земји и беше изразено взаемно задоволство од досегашниот развој на мултилатералната соработка, со посебен фокус на Обединетите нации.

Соговорниците се согласија дека организирање на средби на високо и највисоко ниво, ќе даде нов импулс во заемните односи и дополнително ќе отвори нови можности за унапредување на соработката, особено во делот на економијата и инвестициите.

Воедно, на средбата се дискутираше и за актуелни меѓународни прашања и соработката во меѓународните организации.

Share
Scroll to Top