Арсовски: Ако не е местен тендерот тогаш зошто истата фирма која ја направила реконструкцијата потоа и го добила

пред 3 години

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски и денеска упати обвинувања за случајот со, како што тврди, скандалозниот наместен тендер во ЈП Водовод.

Тој повторно ги обвини градоначалникот Петре Шилегов и директорот на Водовод, Душко Весковски дека со фирмата КБК Инженеринг претходно бил договорен тендерот за реконтрукција на улицата Варшавска.

„Фирмата ја извршила работата, па дури потоа го добила тендерот. Се работи за испумпување на 300.000 евра народни пари, пари на скопјани“, тврди Арсовски.

Тој денеска пред новинарите рече дека реконструкција на иста улица по пропорции во 2017-тата година во времето на ВМРО-ДПМНЕ, би чинела поевтино, односно 5.498.174 денари би била во 2017, а сега е 14.066.921 денар или за 2 ипол пати повеќе.

„На пример, геодетските работи, односно обележување на ров во 2017-та година ако чинело 19.34 денари за еден метар, сега во време на СДСМ чини 168.85 денари или за 8.7 пати поскап. Втор пример, земјани работи, односно рачен ископ на за откривање на главна водоводна мрежа, ако во 2017-тата година чинел 250.55 денари по м2, сега чини 797,36 денари по м2 или 3.2 пати повеќе. Машински ископ на земја во тесен обем на ров од 0-2м ако во 2017-тата година чинело 100.23 денари по м3, сега во 2021 година чини 276.73 денари по м3 или 2.8 пати повеќе. Рачен ископ на земја во тесен обем со длабочина на ров од 0-2м во 2017-тата година чинело 250.56 денари, а сега чини 478.41 денари за м3 или дури 2 пати поскапо е сега. Замислете подупирање на ров под слаб притисок ако чинело 1.61 ден за м2 во 2017-тата година, сега чини 140.71 денари за м2 или 87.7 пати повеќе, додека пак за подупирање во услови во јак притисок ако чинело 2.36 денари за м2 во 2017-тата година, сега чини 168.85 денари или 71.7 пати повеќе. Неверојатно“, истакна Арсовски.

Од ВМРО-ДПМНЕ бараат одговорност, порачувајќи институциите што поскоро да постапат согласно документацијата.

Share
Scroll to Top