Куман си ја призна грешката

Куман си ја призна грешката

пред 3 години

Роналд Куман ја призна грешката поради која беше исклучен на натпреварот во Кадиз. Ла Лига му одреди суспензија од два натпревари, што значи дека нема да го предводи тимот против Леванте и Атлетико Мадрид.

„Тешко е некогаш да се контролираш поради судиските одлуки, со кои не се согласувам. Морам да научам да се контролирам и да мислам на тимот. Човек сум, секоја неправда ме погодува. Научив дека не треба да влегувам во расправии со судиите. Не смеат да ми се повторуваат вакви работи“, рекол Куман.

Холанѓанецот ја коментирал и шпекулацијата дека од 10.октомври Барселона ќе ја предводи Роберто Мартинез.

„Со претседателот не сум разговарал за мојата иднина. Нема ништо ново. Не можам да зборувам за имињата за кои се шпекулира дека ќе ме наследат. Долго време не сум читал весници. Знам дека има шпекулации“.

Share
Scroll to Top