(Видео) Хаос на бензинските пумпи во Велика Британија поради недостаток на гориво

пред 3 години

Во Велика Британија владее паника поради недостаток на гориво, што создаде големи редици на бензинските пумпи.

Полицијата беше приморана да интервенира и да воведе ред.

Владата ги повика возачите „да продолжат со вообичаеното полнење на горива“. Стотици бензински пумпи сега планираат да воведат ограничување од 30 фунти за полнење гориво по возач, за да се осигура дека секој има „фер шанса да наполни гориво“.

Тука нема да спаѓаат возачите на камиони и итните служби поради нивната витална улога.

Голем број возачи вчера ги блокираа патиштата во страв поради недостаток на гориво.

Британскиот премиер, Борис Џонсон, се согласи привремено да ги олесни правилата за имиграција, така што странските возачи на камиони ќе можат да работат во Британија за да помогнат во оваа криза.

Обединетото Кралство во петокот соопшти дека ќе го реши проблемот со недостатокот на возачи на камиони-цистерни за испорака на нафта и бензин, што предизвикува растечки проблеми во синџирите на снабдување со гориво.

Се проценува дека Велика Британија треба да увезе околу 100.000 возачи за нормализирање на ситуацијата, откако 25.000 се вратија во Европа пред Брегзит, а пандемијата го запре процесот на пристигнување на нови возачи, околу 40.000 од нив.

Share
Scroll to Top