УФЦ: Шевченко недопирлива, камбекот на Дијаз заврши со нокаут

УФЦ: Шевченко недопирлива, камбекот на Дијаз заврши со нокаут

пред 3 години

УФЦ ѕвездата Валентина Шевченко го израмни рекордот на Ронда Раузи откако по шести пат ја одбрани својата титула во мува категорија, доминирајќи против американската предизвикувачка Лорен Марфи.

33-годишната фајтерка од Киргизстан, беше супериорна во сите рунди, пред да го добие мечот со технички нокаут во четвртата рунда против 38-годишната Марфи, која едноставно немаше шанси. Ова е 22. победа во кариерата за Шевченко со што се израмни со поранешната шампионка во батам категорија, Раузи.

„Подготвена сум за било кого, без разлика на тежинската категорија. Јас сум вистинската шампионка“, вели Шевченко.

Во „ретро“ меч, ММА легендата Ник Дијаз се врати во УФЦ октагонот и загуби со нокаут во третата рунда од својот стар ривал, Роби Лауер. Дијаз го победи Лауер во нивиот прв меч пред 17 години на УФЦ 47, но во римечот, поранешниот УФЦ шампион, 39-годишниот Лауер го прати 38-годишниот Дијаз на подот со силен удар на почетокот на третата рунда.

Дијаз остана на едно колено, но Лауер му дозволи да се созеде, пред Дијаз да му соопшти дна судијата дека не може да продолжи во својот прв меч по шестгодишна пауза.

„Секогаш сум имал почит за Дијаз, бидејќи во рингот го дава максимумот. Дојде да се бори и навистина го ценам тоа“, вели Лауер.

Share
Scroll to Top