Швајцарците излегуваат на референдум за истополови бракови

пред 3 години

Гласачите во Швајцарија, денеска на референдум ќе одлучат дали ќе им се дозволи на истополовите двојки да се венчаат и да посвојуваат деца.

Федералната влада и парламентот веќе го усвоија изменетиот закон, но противниците предводени од десничарската Швајцарска народна партија (СВП) се залагаа за референдум по ова прашање.

Според последните анкети на јавното мислење, поборниците за истополови бракови се во предност, а околу 63 проценти од испитаниците се изјасниле дека поддржуваат истополова заедница, но кампањата против овој закон се засили во последните неколку недели.

 

Share
Scroll to Top