„ЕМА “во четврток одржува вонреден состанок за вакцината од „Астразенека“

пред 3 години

Европската агенција за лекови објави дека ќе одржи вонреден состанок во четврток, бидејќи повеќе земји престанаа да користат вакцина од компанијата „Астразенека“ поради стравувања поврзани со коагулација на крв, истакнувајќи дека придобивките од вакцината сепак се поголеми од ризиците.

„Комитетот за безбедност на „ЕМА“ утре поблиску ќе ги проучува информациите и ќе свика вонредна седница во четврток, 18 март, за да извлече заклучоци од собраните информации и да предложи други мерки што може да бидат потребни“, се вели во соопштението на агенцијата.

Неколку земји, вклучително и Франција и Германија, претпазливо ја прекинаа употребата на вакцината произведена од шведско-британската лабораторија „Астразенека“ и Универзитетот во Оксфорд, откако пријавија можни несакани ефекти кои сè уште не се докажани.

„ЕМА“ претходно соопшти дека истражува одреден број случаи на згрутчување на крвта кај луѓето кои примиле вакцина, истакнувајќи дека таа сепак може да се користи.

„Додека нејзината истрага продолжува, „ЕМА“ тврди дека придобивките од вакцината на „Астразенека“во превенцијата на Ковид-19 , што носи ризик од хоспитализација и смрт, го надминуваат ризикот од несакани ефекти“, рече европскиот регулатор.

Share
Scroll to Top