(Видео) Големо невреме во Хрватска, издаден црвен метеоаларм

пред 3 години

Силно невреме ја погоди Хрватска, а за целиот јадрански брег е издадено предупредување од највисоко црвено ниво.

Црвен метеоаларм е издаден за Истра, Далмација и за островите. Се најавува силен ветер, а на отворено море ќе достигне јачина од 130 километри на час што ќе предизвика бранови високи и до пет метри.

Се очекува и пороен дожд. „Далмација данс“ јави дека градот Омиш утринава бил поплавен.

Поради невремето, во прекин е сообраќајот со траекти.

Share
Scroll to Top