Урсула фон дер Лајен ја прими првата доза од вакцината против Ковид-19

пред 3 години

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес ја прими првата доза на вакцината против Ковид-19.

Фон дер Лајен се вакцинира откако во ЕУ беа примени 100 милиони дози вакцини против коронавирус, коментираат медиумите.

И таа изјави дека отишла на вакцинација откако ЕУ вчера забележа 100 милиони дози на примени вакцини против Ковид-19.

„Процесот дополнително ќе се забрзува бидејќи вакцините пристигнуваат побрзо“, рече Фон дер Лајен на својот профил на Твитер.

Таа заклучи дека побрзата вакцинација доведува до побрза контрола на пандемијата од Ковид-19.

Share
Scroll to Top