Захарова со порака до Столтенберг: Соработката меѓу Русија и Белорусија не одговара на плановите на НАТО

пред 3 години

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, денес изјави дека вообичаената соработка меѓу Русија и Белорусија не одговара на плановите на НАТО.

Реагирајќи на изјавата на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, Русија и Белорусија да не им се закануваат на членките на Алијансата, Захарова напиша дека таа изјава содржи одговор на прашањето, зошто Западот е толку „диво“ поврзан со Белорусија.

„Вообичаената ефективна соработка меѓу двете земји не одговара на плановите на НАТО“, рече Захарова.

Таа предложи НАТО да не обрнува внимание на измислените закани, туку на, како што рече, „внатрешниот тероризам во САД“.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ги предупреди Русија и Белорусија денеска да не се закануваат на членките на Северноатлантската алијанса, откако патничкиот авион на „Рајанер“ беше принуден присилно да слета.

„Секако, во итни случаи, подготвени сме да го заштитиме и браниме секој сојузник од каква било закана од Минск и Москва“, изјави Столтенберг за германски „Велт ам Зонтаг“.

Share
Scroll to Top