Во Германија рекордни бројки на починати и новозаразени

пред 3 години

Во последните 24 часа во Германија се евидентирани 29.875 нови случаи на Ковид-19 и 598 смртни случаи.

Ова се најголемите дневни бројки на починати и на нозаразени во таа земја од почетокот на пандемијата. Вкупниот број на случаи сега е над 1.270.000, а бројот на смртни случаи е 20.970.

Ова е втор ден по ред со рекорден број на нови инфекции и втор пат во последните неколку дена во Германија да умрат скоро 600 луѓе за еден ден, како последица на Ковид-19, пишува „Дојче веле“ (ДВ).

Одделенијата за интензивна нега се полни низ целата земја, како и некои регионални болници.

Канцеларката Ангела Меркел, наводно, ќе се состане со лидерите на 16 сојузни покраини за време на викендот за да разговара за построга блокада и посилни ограничувачки мерки.

Германија го започна вториот бран на пандемијата со делумно заклучување, што се чини дека не функционира, се вели во анализата на ДВ.

На почетокот на ноември беа затворени сите ресторани, кафулиња, барови, како и театри, кина, спортски сали и други објекти. Но, продавниците останаа отворени и училиштата и градинките работат сосема нормално.

Ограничувањата воведени со делумното заклучување ја следат идејата за забрана на сè она што луѓето го уживаат во слободно време, но од друга страна економијата да биде поштедена што е можно повеќе.

Традиционалните предбожиќни саеми не се одржуваат оваа година, но многу сопственици на ресторани, на кои им е дозволено да продаваат храна за носење, исто така нудат греено вино за надвор. Така, тие заработуваат малку пари со цел да ја намалат загубата како резултат на целосно затворање.

За тоа што е дозволено, а што е забрането, одлучуваат самостојно владите на сојузните покраини. Како резултат на тоа, ограничувањата поради короната во Германија се нееднакви и во некои случаи крајно контрадикторни.

Share
Scroll to Top