Агент за недвижности од Скопје земал капар за станови, а парите си ги ставал в џеб

пред 3 години

Полицијата поднесе кривична пријава против агент за недвижности од Скопје кој земал капар за продажба на станови во изградба, но земениот капар не го уплаќал во агенцијата во која е вработен.

Според информациите на МВР, полицијата поднесе кривична пријава против О.С.(47) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „измама“.

Тој е осомничен дека во временскиот период јули-септември 2020 како вработен агент за недвижности во приватна агенција од Скопје, ги довел во заблуда И.К. и С.А., двете од Скопје, на кои им зел капар за продажба на два стана во изградба, но земениот капар не го уплатил во агенцијата во која е вработен.

Извршувајќи ги овие дела О.С. се стекнал со противправна имотна корист од околу 110.000 денари.

Share
Scroll to Top