Разузнавач на ЦИА евакуиран од Србија поради „Хавана синдромот“

пред 3 години

Службеник на ЦИА бил евакуиран од Србија поради т.н. „Хавана синдром“, пишува Волстрит Џурнал, повикувајќи се на сегашни и поранешни американски претставници.

Во текстот се наведува дека изминатите недели ЦИА евакуирала разузнавач кој служел во Србија, а кој претрпел сериозни повреди предизвикани од невролошки напади, познати како „Хавана синдром“.

Инцидентот на Балканот, кој, според весникот, не бил претходно пријавен, е последен во серијата од, како што тврдат службениците, постојани напади од нешто за кое постои сомневање дека е некаков насочен извор на енергија.

Околу двесте американски службеници и членови на нивните семејства се разболеле од таканаречениот „Хавана синдром“, мистериозна болест, чии симптоми се мигрена, гадење, нарушувања во меморијата и вртоглавица, пренесува РТС.

Службеници од американска амбасада првпат го пријавија случајот во 2016 година во Куба.

Во средината на јули, повеќе од дваесет американски службеници во Виена пријавија симптоми слични на „Хавана синдром“, откако претседателот Џо Бајден ја презеде функцијата во јануари.

Во извештајот на американската влада објавен минатата година се наведува дека насочена радиофреквенција е најсигурното објаснување за мистериозните симптоми што ги имале дипломатите стационирани во американските амбасади во Хавана и на други места.

Share
Scroll to Top