Вчера во 16.00 часот во близина на скопскиот Градски стадион на подрачјето на Центар од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје е лишен од слобода Р.Д.(41) од Штип.
Тој се барал врз основа на судска наредба од Основен суд Штип за издржување казна затвор од две години.
Лицето е предадено на полициски службеници за понатамошна постапка по што ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на казната.