Загрепскиот ресторан „Инста фуд“ пред неколку дена го промовираше својот најнов специјалитет „мљевеници“, кои меѓу другото се познати ширум светот како ќебапи, пренесуваат хрватските медиуми.
„Мљевениците ќе се состојат од свинско и говедско месо во сооднос во кој преовладува говедското месо, но свинското филе ќе даде доволно маснотии за да го направи мљевеникот доста сочен“, вели сопственикот на ресторанот, Домагој Делач.
Иако замислата на Хрватите биле да направат нешто поразлично од соседните босански ќебапи, сепак твитерџиите решија да се пошегуваат со нив.
„Се оствари милениумски сон! Мљевеник, а не ќебап!”, „Дали плескавицата сега е ’мљевеница‘?“, „Ако ќебапот во Хрватска е „мљевеник“ (од мелено месо), тогаш ’ражничот‘ нека биде ’нанижник‘“, „А пак, бурекот – ’штрукли со месо‘“, се дел од коментарите на Твитер.
Засега само овој ресторан го користи овој хрватски термин за ќебапи, но можно е да ги привлече и останатите конкуренти да започнат со користење на овој збор.
Инаку Хрватска е позната по сопствени термини за интернационалните зборови како на пример самослик за селфи.