„Фејсбук“ го одбрал профитот на сметка на сузбивање на говорот на омраза, открива свиркач од компанијата на Цукенберг

пред 3 години

„Фејсбук“ го одбирал профитот на сметка на сузбивање на говорот на омраза, открива свиркачот Фенис Хоген, која работела како менаџер во компанијата на Цукенберг.

Хоген во неделата, во телевизиската програма „60 минути“, ја обвини компанијата во која работела, дека во повеќе наврати им давала предност на профитот, над сузбивањето на говорот на омраза и дезинформациите. Таа рече дека биле поднесени најмалку осум тужби од американскиот регулатор за хартии од вредност.

Хоген била една од менаџерите во компанијата на Цукенберг и смета дека синоќешниот пад на „Фејсбук“ е поврзан со политиката која ја води.

Илјадници корисници синоќа пријавија проблеми со „Гугл“, „Амазон“, „Тикток“, „Зум“, „Твитер“, „Снепчет“, „Редит“ и други апликации, додека без интернет останаа десетина илјади корисници на големите компании како што се „Верајзон“, „Т-мобиле“, и „АТ&T“.

Таа помогнала и во покренувањето на истрагата на „Волстрит журнал“, и на сослушувањето во Сенатот за штетата која „Инстаграм“ им ја нанесувал на тинејџерките.

„Фејсбук“ бил на удар на критики откако интерни документи кои ги објави „Волстрит журнал“, покажале дека компанијата била свесна дека „Инстаграм“ штети на менталното здравје на младите корисници.

Хоген сведочела и пред еден пододбор на Сенатот, на рочиштето под име „Заштита на децата на мрежата“, на која се говори за влијанието на „Инстаграм“ кое го прави на менталното здравје на младите корисници.

„Имаше конфликт на интерес меѓу она што е добро за јавноста и тоа што е добро за „Фејсбук“. И „Фејсбук“ секогаш од почетокот ги одбираше своите интереси, како што е заработувачката на пари“, рече таа.

Хоген, која претходно работела и во „Гугл“ И ВО „Пинтерест“, изјавила дека „Фејсбук“ ја лажел јавноста во напредокот кој го постигнал во сузбивањето на говорот на омраза и дезинформации на својата платформа.

Извршниот директор на „Фејсбук“, во неделата рече дека не верува дека таа мрежа допринесува за политичка поларизација која станала широко распостранета во САД. За потсетување, падот на социјалните мрежи на компанијата „Фејсбук“, открива неисправна промена на конфигурацијата.

„Извинете поради денешниот прекин. Знам колку ви значат нашите услуги за да останете поврзани со луѓето кои ви се многу важни“, рече Цукенберг.

Извинување упатија и од компанијата „Ватцап“.

„Им се извинуваме на сите кои не можеа денес да користат „Ватцап“. Почнуваме полека и внимателно да се вратиме во функција. Ви благодариме за трпението. Ќе продолжиме да ве известуваме, веднаш откако ќе добиеме повеќе информации“, навеле на „Твитер“.

 Сноуден се забавувал

Додека луѓето ширум светот се нервираа затоа што останаа без социјалните мрежи и сервисот за пораки, најпознатиот светски свиркач, Едвард Сноуден, во серијата твитови се огласи и за новиот проблем со „Фејсбук“.

„Интернет гигантите беа офлајн денес и нема никогаш да се вратат. Што ќе се случи утре? Почнува златната доба или колапс. Ќе се храниме со глувци?“, ги праша Сноуден своите следбеници во една анкета.

Речиси 80% од нив му одговориле дека доаѓа златна доба.

„На еден ден, светот остана поздраво место“, порача Сноуден и рече дека падот на социјалните мрежи е пример и разбивање на нивниот монопол на најмалку три дела, не било така лоша идеја.

На корисниците Сноуден им порача, место „Вотцап“, да го користат сервисот „Сигнал“, што го поддржа и основачот на „Твитер“, Џек Дорси.