(Видео) Заев: Муцунски и Арсовска ги слушаат само наредбите на Мицкоски, а тој не знае кај тера

пред 3 години

Од Тимчо Муцунски и Данела Арсовска не можат да се очекуваат развојни проекти и граѓаните тоа го знаат, го знаат затоа што мегаломанството во Скопје заврши, а заврши и нивниот арамилак да освојуваат општини заради пусти пари, порача вечерва претседателот на СДСМ Зоран Заев, на предизборниот митниг во скопската општина Аеродром.

Според него, непроменети луѓе и режим не одат со нова иднина.

„Не оди режим и непроменети луѓе со нова иднина. Нова иднина оди со овие луѓе, нова иднина оди со Филиповски и Трајановски овде во Аеродром. Нова иднина оди со Софија Пејкова и Петар Шилегов во Скопје. Тоа е Скопје што го навикна овие 4 години, тоа Скопје ќе го поддржи затоа што тоа е добро и за Скопје и за сите наши општини. Муцунски и Арсовска знаат само да ги слушаат наредбите на Христијан Мицкоски, а тој не знае кај тера“, рече Заев.

Според него, теми што СДСМ со години ги промовира и реализира, денес Мицкоски ги претставува како свои, што е доказ дека ВМРО-ДПМНЕ навистина нема што да понуди.

„Ние инвестираме во младите во земјоделците во работниците и пензионерите, тие инвестираа во барок, во споменици, жални врби и палми. Ние се грижиме за младите, тие ги тепаа на плоштад и по читални и ги бркаа од државата. Мицкоски упорно се однесува нечесно, несериозно и неодговорно и заради тоа е казнуван од граѓаните со редовни порази на изборите, а после овој седми пораз на избори, време е да се повлече и од белиот дворец“, нагласи Заев.

Share
Scroll to Top