СДСМ: И покрај опструкциите на опозицијата, државата продолжува да ги исполнува условите за преговорите за членство во ЕУ

СДСМ: И покрај опструкциите на опозицијата, државата продолжува да ги исполнува условите за преговорите за членство во ЕУ

пред 6 месеци

Извештајот на Европската комисија ги потврди фактите дека ДПМНЕ и Мицкоски се кочничари на европскиот пат и на реформите на земјата, велат од СДСМ преку соопштение.

„Извештајот јасно наведува дека ДПМНЕ активно ја блокираше работата на Собранието што беше значајна пречка за напредок.

Се укажува на потребата да се донесат уставните измени и реформите за ЕУ кои ги блокираат токму Мицкоски и ДПМНЕ, а блокадата на ДПМНЕ е и за поглавјата кои се однесуваaт на борбата против корупцијата.

Но, и покрај опструкциите на опозицијата, државата продолжува да ги исполнува условите за продолжување на преговорите за членство.

Блокадите и опструкциите на ДПМНЕ и Мицкоски мора да бидат поразени заради сите граѓани и заради иднината на земјата“, се вели во соопштението на СДСМ.

Текстот СДСМ: И покрај опструкциите на опозицијата, државата продолжува да ги исполнува условите за преговорите за членство во ЕУ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top